Хуманитарец

И покрај низата технолошки чуда на овој век – во медицината, транспортот, нуклеарната енергија и електронските комуникации, би можеле да кажеме дека сепак ние живееме во едно навистина проблематично општество. Под тројна агресија на злоупотребата на дроги, криминалот и опаѓањето на моралот, голем дел од светот е претворен во пустелија.

Според некои проценки, од марихуаната на пример, се генерира најмногу готовина во Америка, а според една груба проценка незаконските дроги, кои носат меѓународен приход поголем од 500 милијарди долари годишно. Ако на оваа бројка и сѐ додадат уште 700 милијарди долари кои се трошат на медицински и психијатриски дроги – и така на крајот сме соочени со криза од огромни планетарни пропорции, во која луѓето трошат повеќе пари на дроги, отколку на храна, облека и покрив над главата.

Сепак, нечесно спечалените приходи се само едно мерило за моменталните давачки кои се резултат на злоупотребата на дроги. Повразаноста со криминалот е нешто друго. Според проучувањата на Министерството за правда на САД, тројца од четворица осомничени и уапсени за сериозно криминално дело, се позитивни на тестовите за илегални дроги. Сѐ на сѐ, грубата пресметка се претвора во бројка од милиони дела на насилство годишно… а цената што сѐ плаќа за тоа, во смисла на човечко страдање, е непресметлива.

Во дискутабилната заднина и на злоупотребата на дроги и на криминалноста, лежи она што беше именувано како „морална криза на дваесеттиот век”. Но, и тука фактите се вознемирувачки: Речиси 40% од сите бракови завршуваат со развод; околу 40 проценти од младите Американци признаваат дека би лажеле за да постигнат некоја финансиска придобивка; додека други 64 проценти признаваат дека би мамеле за да положат некој важен испит.

Сликата станува уште потмурна со компјутерскиот криминал, лажните вести и говорот на омраза. Имено, најмлаку 10% од сите веб-страници на светото се квалификуваат како порнографски, додека пак над 40% од целиот деловен софтвер е пиратски. Затоа не изненадува дека како што стапките на кражби, проневери и сите други форми на ограбување конечно достигнаа епидемски пропорции, историчарите ја опишаа оваа ера како “доба на морално пропаѓање, невидено уште од падот на Рим”.
Уште во 1950 г., Л. Рон Хабард го предвидел сето ова и почнал да бара начини на кои, како што напишал тој, “човекот може кај себе да опорави дел од среќата, дел од искреноста, дел од љубовта и љубезноста со која бил создаден”.

Иако Л. Рон Хабард уште одамна препознал што значат дрогите и како водат кон крајно страдање и таканаречената психоделична револуција на 1960-те години била таа која го поттикналанеговото најинтензивно работење во оваа насока. Неговото размислување било едноставно – ниту еден човек не може да биде духовно слободен ако е окован во синџирите на хемиските супстанци.

Злоупотребата на дроги не само што го загрозува здравјето, туку таа ја загрозува и брзината со која човекот учи, неговите ставови, карактер и пред сѐ духовната свест. Така, следејки ја статистика од 1972 г., во врска со тоа каков замав земала употребата на дроги меѓу младите во градот Њујорк, тој почнал да зборува за оваа епидемија од дроги во смисла на опустошувачка општествена катаклизма – и имајќи ги предвид последиците од психоделичната декада, вклучувајќи го и замавот на потрошувачката на кокаин и хероин и сето придружно насилство, тој бил во право. Општествениот пустош во голема мерка ја докажа катаклизмата. Овој проблем на ниеден начин не бил ограничен само на уличните дроги меѓу младите, туку неговите разгранувања во културата биле потпомогнати и од психијатрискитe и фармацевтскитe структури кои многу одлучно го пумпале јадрото на општеството со дроги.

Неговото решение била една уникатна програма за рехабилитирање од дроги, која не му пристапува на проблемот само во однос на тоа како влијаат дрогите врз ослабувањето на менталниот и духовен капацитет, во кои спаѓаат и конфузното размислување и намалена свест, туку му пристапува и на проблемот кој пред сѐ го довел човека во ситуација да зема дроги. Затоа што, г. Хабард открил дека ако тој проблем не се разреши, кај лицето засекогаш ќе остане присутна првобитната состојба за која дрогите биле „решението”. Исто така, уникатно за програмата за рехабилитирање од дроги на г. Хабард, и особено релевантно кога ќе се земе предвид влијанието на хероинот и кокаинот, биле неговите средства за елиминирање на болките во текот на апстиненцијата.

Кога овие биле традиционално „отстранувани” преку едноставно заменување на една зависност со некоја друга, на пример, метадон со хероин, агонијата од апстиненцијата долго време им стоела на патот на тешките зависници кога се обидувале да се рехабилитираат. И се разбира, не било многу направено во полза на тешките зависници, зашто за разлика од корисниците на рекреативни дроги, тие ретко имале средства да го платат она што проаѓа како помош во една типична клиника за третман за опоравување од дроги. И во обата случаи, меѓутоа, со комбинацијата на хранливи додатоци и терапевтски вежби и активности што ги разработил г. Хабард, кошмарот наречен апстиненција веќе не постои.

До денес, методите за рехабилитирање од дроги на г. Хабард, се користат повеќе од 70 нации ширум светот и успешно им имаат помогнато на повеќе од стотици илјадници лица да се ослободат од зависноста од дрога. Методите на г. Хабард, се користат исклучиво во центрите кои се дел од меѓународната мрежа за рехабилитирање од дроги, наречена Нарконон. Широко прифатена поради најзината ефективност, во споредба со другите програми од овој вид, програмата на Нарконон покажува пет пати поголема стапка на успешност во рехабилитирањето од дроги. Исто така, се утврдило дека оние кои успешно ја завршиле Нарконон програмата, не се ослободиле само од дрогите, туку се ослободиле и од криминалот. Доказ за ова: едно проучување во Шпанија во 1987 г. обелоденило дека пред Нарконон програмата 73 проценти од оние кои биле зависни од дроги исто така и продавале дроги. По завршувањето на другите програми за рехабилитирање од дроги, 37.9 проценти од испитаниците продолжиле да тргуваат со дроги. Меѓу една слична група на зависници кои ја завршиле Нарконон програмата, ниту еден не тргувал со дроги. Слично, додека другите програми можеле да ги редуцираат кражбите поврзани со дрога до 32.2 проценти, оние кои ја завршеле Нарконон програмата повеќе не извршиле ниту една кражба.

Десетици Нарконон центри на разни локации во светот известуваат за слични извонредни резултати меѓу стотици единки кои се на третман секоја недела. Затоа, не е ни чудо што Нарконон програмата е акредитирана од престижната Комисија за акредитирање на капацитети за рехабилитација (Commission for Accreditation of Rehabilitation Facilities – CARF).

Базирани исклучиво на технологијата на Л. Рон Хабард за рехабилитација од дроги, материјалите кои се користат во Нарконон и самата програма за рехабилитација, секојдневно им помагаат на илјадници тешки зависници од дроги да се ослободат од прангите на дрогата.

Програма на Нарконон за рехабилитација од дроги Кавадарци

Следно >