Да научиш како да учиш

Технологија за учење: ефикасно учење и едукација

Иднината на нашата планета им припаѓа на нашите деца. Колку се тие оспособени да ја преземат одговорноста за општеството? Веројатно најсигурната мерка за тоа е колку успешно ги едуцираме за таа улога. За жал, од сите показатели со кои располагаме, нѝ пристигнуваат сознанија дека не сме успеале во тоа.

Технологијата за учење е вистинскиот одговор

Главното прашање кое се поставува во последно време е: по толку многу вложени средства на глобално ниво во образованието, зошто толку малку се постигнува?

Одговорот е: едноставно, затоа што напорите се насочени кон решавање на погрешен проблем.

Во коренот на сите неуспеси во образованието лежи еден суштински проблем, кој речиси никогаш не бил ниту согледан: учениците никогаш никој не ги научил како да учат. Учениците се втурнати во образовниот процес и во изучување на предметите без притоа да им се покаже како треба да учат. И како што растат, така и материјалите кои треба да ги совладуваат стануваат се посложени, а сепак тие сè уште не знаат како да учат.

Да се научи како да се учи е виталната состојка која недостига и која ги спречува во напредокот како учениците на училиште така и луѓето во животот.

Без да знаат како да го научат материјалот кој треба да го изучат, најголем дел од учениците сметаат дека образованието е тежок и макотрпен процес. Тие не успеаваат да ја совладаат вештината на брзо учење и учење со леснотија. Други пак, кои учат полесно, потоа се судираат со проблемот дека не можат да го применат тоа што го прочитале.

Денес, во нашиот модерен свет, јасно е дека секој човек, независно дали работи во некоја фабрика или е врвен раководител, мора да биде способен да усвои нови информации и истите потоа да ги примени. Овој процес, независно дали е формален или неформален е всушност она што се подразбира под „учење“.

Л. Рон Хабард ги препознал недостатоците на модерното образование и обука уште во 1950 година, далеку пред да започне вистинскиот хорор во образованието на светско ниво.

Неговото длабинско истражување на проблемите на подучувањето довело до големо откритие – целосно разбирање за вистинските бариери за ефективно учење. Од ова откритие, г. Хабард развил прецизна технологија за тоа како да се учи секој предмет – технологија која на човекот му овозможува не само целосно да го разбере тоа што го учи туку и стручно да го примени истото како на работното место така и во животот.

Во еден проект кој беше спроведен во Брикстон (предградие на Лондон), беа вклучени ученици на возраст од 8 до 13 години кои минаа низ посебно направен курс за подобрување на вештините за читање, а базиран на Технологијата за учење на Л. Рон Хабард. Овој курс се темели на пронаоѓање на неразбрани зборови во учењето и секој од овие ученици помина од 8 до 10 часа на курсот во период од 10 дена. Потоа, врз основа на стандардните тестови за читање, овие ученици напреднале, во просек, за 1,3 години во читањето. Контролната група на ученици, кои не го поминаа курсот всушност опаднаа во резултатите за читање и тоа за 0.3 години за истиот временски период, а што се должеше на неразбраните зборови.

Овие откритија станаа познати како „Технологија за учење“ или првиот целосно функционален метод за луѓето точно да научат како да учат. Технологијата за учење му помага на секој човек да научи што и да посака.

Приказни за успех


Имав многу придобивки користејќи ја технологијата за учење на Л. Рон Хабард. За време на средното училиште и факултетот, добивав просечни оценки. Заспивав кога седнував да учам и не памтев многу од тоа што учев. Кога ја научив Технологијата за учење, ми направи пресврт во студирањето. Учев повеќе, го разбирав материјалот многу подобро и можев да го искористам тоа што го учев. Сега знам зошто заспивав додека учам и знам како да се справам со тоа. Џ.Л.


Додека учев за трите бариери во учењето, буквално и ги искусував и тоа беше едноставно беше неверојатно. Ова искуство ме потсети на периодот на училишните денови.
Гледајќи наназад, сфатив со какви предизвици сум се соочувала во тие години. Бев вџашена кога сфатив дека иако една третина од мојот живот го поминав во учење никогаш претходно не сум научила како да учам. Г.К.


Поминав дваесет и четири од дваесет и осум години од мојот живот во училиште и никогаш не научив како да учам. Сè што научив до тој момент, воопшто не беше под моја контрола. Сега можам да научам сè додека ја применувам Технологијата за учење на Л. Рон Хабард. Сега можам да ги разберам и оние работи што не до пред некој месец не ќе можев да ги разберам! Ј.Л.


Јас само што го завршив курсот за Технологијата за учење и се чувствувам одлично за тоа. Мојот проблем во училиште беше тоа што никогаш не научив како да учам. Јас секогаш бев она дете со листови за препишување под бирото и наместо да го решавам тестот сам, препишував сѐ од збор до збор од книгата.

Сега знам како да учам – и ако некој научи да учи, тогаш може да научи што и да сака и потоа може да го примени наученото. Никогаш досега не знаев колку е важна правилната технологија за учење, но сега ја обожавам. Сега не би можел да се замислам без неа. Е.Б.М.


Курсевите со кои можете да изучите Технологијата за учење во Хабардовиот центар се:

  • Да научиш како да учиш – курс прилагоден за деца од 6 до 12 години
  • Животни вештини за учење – курс за деца над 12 години и младинци
    (се испорачува само на англиски јазик)
  • Основен прирачник за учење – курс за младинци и возрасни
  • Студентска капа – напред курс за Технологијата за учење
    (се испорачува само на англиски јазик)