Едукатор

„Денешните деца ќе станат утрешната цивилизација“, напиша Л. Рон. Хабард во 1950 г.

Л. Рон Хабард | ЛРХ„Интересот и целта на секое општество кога му се обраќа на проблемот на едукација, е да го крене нивото на способност, иницијатива и култура, а со сето тоа и нивото на опстанок, на тоа општество. И кога општеството го заборава кое било од овие нешта, тоа самото се уништува – преку сопствените образовни медиуми.“ Децении подоцна, набљудувањето на г. Хабард се покажа кошмарно прецизно и неприкинатата дезинтеграција на многу институции може да се покаже како неизбежна ако не го запреме влошувањето на нашите образовни системи.

Да наведеме само неколку вознемирувачки факти:

  • преку 45 проценти од сите ученици кои предвремено го напуштаат, па дури и оние кои завршуваат средно училиште, имаат недостиг од неопходните вештини да читаат и пишуваат, а кои се составен дел на секојдневното живеење;
  • стапка на уечници во средните училишта во САД кои го напуштаат училиштето, изнесува приближно 30 проценти во централните градски подрачја;
  • според председателот на здружението на наставниците, дури до 50 проценти од сите нови наставници се откажуваат од професијата во првите пет години под закана од физички напад;
  • резултатите од училишните тестови за надареност на американски студенти, се потонати до нивоа кои се значително пониски од оние кои ги постигнувале студентите претходните денеции.

На други места во Западниот свет, фактите не се воопшто поохрабрувачки. Една британска анкета утврдила дека една четвртина од работната сила на Велика Британија не била способна да ги собере цените на хамбургерот, пржените компирчиња, питата од јаболка и кафето на едно мени. И што е уште полошо, секој петти Британец не можел да ја пронајде Велика Британија на картата на светот.

Ова пак се одразува во опаѓачки економии поради изгубено производство и трошоци за до-образување на луѓето кои достигнуваат бројка од 250 милијарди долари. И кога човек ќе сфати дека меѓу неписменоста и криминалноста постои поврзаност, тогаш станува јасно дека не можеме да ги занемариме неуспесите на образованието на светско ниво.

Технологија за учење

Соочен со оваа академска криза, Л.Рон Хабард ги презентирал неговите образовни методи. Извлечени од приближно четири децении лично искуство како едукатор, овие методи го претставуваат првото севкупно разбирање на вистинските бариери за ефективното учење. Г. Хабард натаму развил прецизна технологија за надминување на овие бариери, па оттаму и како да се учи и применува секое знаење.

Севкупно, неговиот придонес на ова поле е познат како Технологија за учење, и го обезбедува првиот функционален пристап за подучување на ученици во смисла на тоа како да учат. Технологијата нуди методи за препознавање и решавање на сите тешкотии за апсорбирање на материјалот, вклучувајќи ја и претходно непризнатата бариера која, се открило дека најпосле лежи на дното од сите неуспеси при истрајувањето на одредена насока на учење. Накусо,Технологија за учење му помога на секого да научи сè што сака, и таа докажала и секојдневно докажува дека постигнува еднообразни и конзистентни резултати, секаде каде што била применета.

Скиентолошки курс за учење како да се учиТехнологијата за учење е поставена на темели кои им се заеднички на сите, па затоа таа ги надминува економските, културните и расните разлики и неа можат да ја користат сите, без оглед на возраста. Навистина, трите конкретни текстови на оваа тема, Основниот прирачник за учење, Вештините на учењето и Да научиш како да учиш, во суштина се разликуваат само по нивниот третман на материјалот; првата е дизајнирана за тинејџери и повозрасни, втората цели кон млади читатели, а третата ги нуди основите на Технологијата за учење за деца на возраст меѓу осум и дванаесет години. Поентата е во тоа, дека техниките за учење на г. Хабард се докажеле како ефективни и во основните училишта и во раководните структури на мултинационалните корпорации.

Преку напорите на Applied Scholastics International, непрофитна јавна добротворна корпорација, посветена на подобрувањето на образованието ширум светот, Технологија за учење на Л.Рон Хабард во моментов се применува во повеќе од седумдесет земји на сите шест континенти.

Следно >