Програмата за детоксикација

До нов живот преку прочистување на телото

Ослободете се од ефектите на дрогите, медикаментите и токсичните остатоци
  • Дали ви е тешко да уживате во животот?
  • Дали ви е тешко да бидете среќни?
  • Дали мислите ви се „блокираат“ понекогаш?

Оваа состојба НЕ е нормална – и ВИЕ можете да се справите со неа.

Живееме во свет кој е преполн со дроги, медикаменти, а воздухот, храната па дури и водата содржат хемиски токсини. Денешната животна средина е проткаена со елементи кои се опасни по животот. Дрогите, медикаментите, радиоактивните отпадоци, загадувачите и разните хемиски агенси, не само што се присутни, туку со текот на времето стануваат се пораспространети.

Всушност, тие се толку секојдневни како појава, што речиси е невозможно да се избегнат.

Нивните ефекти ги затапуваат сетилата, ја замаглуваат меморијата и ја намалуваат енергијата. Штетните ефекти и менталните ефекти од дрогите, медикаментите и токсичните остатоци не завршуваат кога лицето ќе престане да ги зема. Факт е дека тие може да траат со години.

Со програмата за прочистување на телото, ние сега ги имаме начините како брзо да се опоравиме од ефектите на хемиските отрови што сме ги акумулирале од околината, како и од медицинските и уличните дроги.
Програмата за детоксикација

Овозможете си нов почеток

Програмата за прочистување е решението за ефективно да го ослободите вашето тело од овие штетни супстанци и да ги елиминирате нивните катастрофални ефекти. Со помош на оваа програма можете да излезете од „маглата“ и да навлезете во чист и нов свет. Луѓето кои ја завршиле програмата велат дека искусуваат неверојатен наплив на виталност.

Сауна - детокс

Од што се состои Програмата?

Програмата за прочистување на телото од токсини и радијација е режим кој се изведува под строга супервизија и содржи елементи на вежбање, сауна, исхрана, земање витамини, минерали, масла итн., како и правилно одреден личен распоред (кој вклучува доволно одмор).

Резултатот е елиминација на дрогите и токсините од масното ткиво на телото.

Приказни за успех од Програмата за прочистување


„Се чувствувам 20 години помлад! Многу сум возбуден за мојата иднина и за тоа дека ја чувствувам сопствената способност да успевам и да напредувам.

Имав толку многу придобивки на Програмата за прочистување, што едноставно не можам да поверувам колку многу ми е подобро, како физички така и психички! Оваа програма беше магична и ми го смени животот.

Чувствувам поголем афинитет и имам зголемена комуникација со моите пријатели, семејство, клиенти и деловни соработници. Едноставно напредувам со невидена брзина.

Ви благодарам на сите што сте дел од испораката на ова програма, а на Рон ќе му бидам благодарен цел живот за неговата посветеност и помош!“ – В.Ф.


„По Програмата за прочистување сите мои сетила се многу поостри. Особено ми се подобри видот и чувството за мирис. Многу сум посвесна за мојата околина и јас сум во сегашно време!

Исто така, не ја чувствувам повеќе болката во десната нога, а која ја чувствував претходно со години. Се чувствувам дека сум повеќе причинител врз мојот живот, а и другите го забележуваат тоа кај мене!

Ова беше прекрасен циклус! Секој треба да ја направи Програмата за прочистување – бидејќи, верувајте, ќе имате толку многу придобивки и ќе се чувствувате прекрасно!

Ти благодарам Рон!“ – Д.С.


„Во последниве 4 години имав неколку хируршки зафати и тестирања со зрачење. Во последната година почнав да забележувам дека енергијата ми е многу ограничена, размислувањето ми е некако замаглено, бавно реагирам и се чувствувам како да сум отсутна.

Само по неколку дена на Програмата за прочистување, почнав да се чувствувам поенергично. Тешкиот облак низ кој размислував почна да исчезнува и веќе ми беше многу подобро. Почнав да се чувствувам дека сум сѐ повеќе присутна. Можев појасно да ги забележувам релјефот и облините и формите на предметите. Исто така станав многу оптимистична и покрај одредени лични ситуации низ кои минував.  Конечно сфатив што се дрогите (лекарствата) и како тие се „стапица“ за битието. Чувствувам големо олеснување и ослободена сум од рестимулативните дејствија на лекарствата и токсините кои сум ги земала или на кои сум била изложена во минатото.“ – К.Р.П.


„Додека ја пишувам оваа Приказна за успех си се потсменувам бидејќи навистина убаво се чувствувам во врска со Програмата. На третиот ден на Програмата за прочистување веќе забележав дека одреден страв кој го имав подолго време исчезна. Набрзо потоа почнав да забележувам како сѐ во околината е чисто и блескаво и исто така забележав дека одредени токсини кои ме спречуваа да гледам одредени слики се разбиле и исчезнале и дека немаат веќе никакво влијание врз мене.“ – Б.Р.