Историјата на Дијанетиката

Историјата на Дијанетиката - Фото - Л. Рон Хабард, основач на Дијанетика и СкиентологијаИсторијата на Дијанетиката би била историјата на патот што го помина откритието и истражувањето на нови и речиси непознати цврстава, Terra Incognita – Човековиот Ум, таа земја што лежи на околу 1,5 см зад вашето чело.

Патувањето траеше многу години и работата беше долга, но затоа сега имаме патокази и можеме и да одиме напред и да се враќаме назад по своја волја.

Проучувањата на примитивните и цивилизираните раси во овие и во далечните региони, ја формираа основата за антрополошкото истражување. Пишаните дела на неколку луѓе во последните четири илјади години ги одредија насоките по кои треба да се движи стручното знаење. Древните Хинду списи, делата на Старите Грци и Римјани, вклучувајќи го и Лукретиј, потоа делата на Франсис Бекон, истражувањата на Дарвин и дел од размислувањата на Херберт Спенсер, ја сочинуваат главнината на филозофската заднина. Неизбежните податоци преземени од сегашната култура не снабдија со многу претходно незабележани информации. Остатокот, како што би рекол еден навигатор, беше „надвор од картата“.

Во 1935 година започнаа основните истражувања, а во 1938 година беа откриени и формулирани примарните аксиоми.

Следните неколку години овие аксиоми беа тестирани во лабораторијата на светот. Војната го прекина ова истражување создавајќи хаос, зашто војните тоа и го прават, но набрзо по прекинот на вистинските непријателства истражувањето беше продолжено. Во рамките на една година – темелите на оваа наука така како што се применливи за човековиот ум – беа интегрирани. Тие беа проверени на низа пациенти доброволци, а секој нареден тест дополнително ја усовршуваше работата. Но секое применување донесе и одредени резултати.

Пет години по повторното продолжување со работата, во 1950 година, делото беше подготвено за издавање, бидејќи сите тестови нè донесоа до заклучокот дека Дијанетиката е наука за умот и дека таа ги разоткрива дотогаш непознатите закони на мислата – и дека таа функционира за секој вид неоргански ментални и органски психосоматски болести. Со натамошното усовршување на формата се покажа дека Дијанетиката може лесно да ја користат и луѓе кои не се обучувале долго за неа.

Целта што ја постигнавме е наука што функционира и која со успех може да ја користат и помалку обучени лица. Оваа цел досега од никого ниту била постигната, ниту некој успеал да ѝ се приближи.

Кога човек еднаш ќе згазне цврсто на некоја непозната земја, сè повеќе работи му стануваат познати и со секој нов податок хоризонтот му се проширува, во кој потоа се вклучуваат и пошироки полиња на знаење. Дијанетиката лекува, и таа лекува без неуспеси. Но постојат и други цели.

Образованието, медицината, политиката и уметноста, и всушност сите гранки на човековата мисла се разјаснети со Дијанетиката. Па дури и тоа не е доволно.

Дијанетиката досега има куса историја; таа има силна младост; предвидува подобро утре. Пред добро да остари таа уште повеќе ќе ја проширува својата област. Историјата на Дијанетиката штотуку започна.

Книга Дијанетика: Модерна наука за ментално здравје. Меѓународен бестселер бр. 1Планот А го опфаќа усовршувањето на науката, нејзиното тестирање на разни пациенти, и на крајот, распространување и пренесување на Дијанетиката во однос на терапијата. Овој план завршува со издавањето на оваа книга.

Планот Б вклучува и натамошно истражување на животната сила, потоа обиди за решавање на проблемите на некои болести како што се ракот и дијабетесот и усовршување на откриените техники и нивно распространување. Со ова ќе заврши планот Б.

Планот В го опфаќа напорот да се открие повисок ешалон на универзалното потекло и дестинација, доколку проблемот е проблем на потеклото и дестинацијата, и на факторите и силите кои учествуваат во тоа – со цел да се обезбеди подобро разбирање и корисна примена на знаењето стекнато на овој начин, ако се стекне и ако се стекне на таков начин, но и негово распространување.

Еден дел од планот Б е организирање на фондација за да се забрзаат истражувањата.

Историјата на Дијанетиката штотуку започна. Само утрешнината може да каже што сè ќе започне со појавата на една наука за умот.
– Л. Рон Хабард (Од Дијанетика: Модерна Наука за Ментално Здравје)

Следно >