Филозоф

Л. Рон Хабард напишал:

„Првиот принцип на мојата сопствена филозофија е дека, мудроста е наменета за секој кој сака да посегне по неа. Таа е слуга, како на обичниот човек, така и на кралот и на неа не треба да се гледа со стравопочит”. На ова, тој додал дека филозофијата мора да може да се примени, зашто „учењето заробено во мувлосани книги, не му користи никому и затоа, нема никаква вредност ако не може да се употреби“. На крајот, тој изјавил дека филозофското знаење има вредност само ако е вистинито и употребливо, па така ги поставил параметрите за Дијанетиката и Скиентологијата.

Начинот на кој Л.Рон Хабард дошол до големите откритија е всушност дел од една огромна приказна која започнала во првите децении на минатиот век, преку неговото пријателство со Индијанците „Црни стапала“, кои живееле во околината на Хелена, Монтана, родното место на г. Хабард. Меѓу овие луѓе бил славниот племенскиот врач, локално познат како Стариот Том. Нивното пријателство се претворило во многу блиска врска, и така 6-годишниот Рон бил почестен со статусот побратим и бил почитуван како битие со длабоко духовно наследство.

Она што може да се смета за следна пресвртница во неговиот живот се случило во 1923 г., кога 12-годишниот Л. Рон Хабард почнал да ја изучува теоријата на Фројд, со Командантот Џозеф Томсон – првиот воен поморски офицер на Соединетите Држави, кој всушност работел со Фројд во Виена. Иако г. Хабард никогаш не ја прифатил психоанализата, тој сепак дошол до еден клучен заклучок. Зашто ако ништо друго, тој подоцна напишал, Фројд барем ја унапредил идејата „дека нешто може да се стори во врска со умот“.

Третиот голем чекор од ова патување лежи во Азија, каде г. Хабард поминал поголем дел од двегодишното патување во проучување. Таму, тој станал еден од малкуте Американци на кои им бил дозволен пристап во светите Тибетантски манастири на Западните Брда на Кина, и всушност учел со последниот од редот на кралските магионичари од дворот на Кублај Кан. Сепак, колку и да се чинеле чудесни таквите авантури, тој на крајот ќе признае дека не нашол ништо што е функционално или предвидливо, а што се однесувало на човечкиот ум и дух.

По враќањето во САД во 1929 г., г. Хабард се запишал на Универзитетот Џорџ Вашингтон, на кој студирал инженерство, математика и нуклеарна физика – дисциплини кои многу ќе му послужат во подоцнежно филозофско истражување. Всушност, Л. Рон Хабард бил првиот, кој немилосрдно ги употребил западните научни методи во учењето за духовните нешта. Сепак, освен базичната методологија, универзитетот не понудил ништо друго. Напротив, како што тој подоцна признал, „Беше многу очигледно дека си имам работа со и живеам во, една култура која за умот знае помалку и од најпримитивното племе со кое некогаш сум дошол во контакт“, и „исто така знаејќи дека луѓето на Истокот не беа способни да допрат толку длабоко и предвидливо во загатките на умот, колку што јас очекував, знаев дека ме чека многу истражување“.

Тоа истражување траело следните дваесет години од животот на Рон и во текот на тој период тој се запознал со дури 21 различна култури, меѓу кои и северозападните индиски племиња на Пацификот и Филипинските Тагалоги и, како што тој милувал да се пошегува, „луѓето од Бронкс“. Во наједноставна смисла, неговата работа низ овој период била фокусирана на две фундаментални прашања. Прво: каде е изворот на човечката свесност и второ: што или кој е заедничкиот именител на животот?.

Ескалибур

Првото ниво во таа потрага Рон го достигнал во 1938 г., со необјавениот ракопис насловен Ескалибур. Во суштина, тоа дело вели дека животот е многу повеќе од само случајна серија на хемиски реакции, и дека определен и одредлив порив лежи под сето човечко однесување. Тој порив, изјавил тој, бил опстани и тој ја сочинувал најпродорната сила меѓу луѓето. Не била нова идејата дека човекот опстанувал. Но, нова била идејата дека опстанокот е основниот заеднички именител на постоењето, и тука лежи патоказот за сето истражување кое ќе следи подоцна.

Л. Рон Хабард филозофПоради Втората светска војна Рон го прекинал истражувањето поради службувањето и на Атлантикот и на Пацификот, како командант на противподморничките патроли. Но, исто така, Војната, како вистински хорор на човечкото однесување и страдање, ја зајакнала потребата за функционална филозофија за подобрување на човекот. Или пак, како што тој толку концизно го искажал, „Човекот има лудило и тоа лудило е наречено војна“. Г. Хабард исто така бил и меѓу првите кои ја изразеле грижата во врска со напредувањето на атомските оружја кога не се придружени од соодветно разбирање на човечкото однесување.

Кулминацијата на неговата работа до тој момент, се случила во 1945 г., во поморската болница Оук Нол во Оукланд, Калифорнија. Делумно ослепен од повредата на оптичките нерви, сакат во колкот и со ’рбетни повреди, г. Хабард станал еден од петте илјади пациенти кои биле на лекување во Оук Нол. На лекување во истата болница биле и уште неколку стотини поранешни затвореници во јапонските воени логори. Заинтригиран од необјаснивиот неуспех да се опорават и покрај интензивната медицинска нега, г. Хабард презел одговорност да ја примени раната форма на Дијанетиката.

Сè на сè, врз околу петнаесет пациенти, г. Хабард ги применил техниките со цел да го отстрани она што тој го постулирал како ментална инхибиција во опоравувањето. Она што тој на крајот го открил и она што всушност им ги спасило животите на овие пациенти, почивало врз една клучна филозофска точка: и покрај генерално прифатената научна теорија во тоа време, човековата состојба на умот всушност имала приоритет над физичката состојба. Односно, нашите гледишта, ставови и емоционална состојба конечно ја одредуваат нашата физичка благосостојба, а не обратно.

Дијанетика: Оригинална теза

Со ова откритие г. Хабард продолжил и натаму да ја тестира употребливоста на неговите откритија, преку интензивно истражување со единки од сите слоеви на животот. Тука биле вклучени и актери од холивудската театарска работилница, извршители од соседните студија, жртви на незгоди од болницата Пасадена и луди криминалци од ментална институција Џорџија. Во целост, г. Хабард лично работел со околу 400 мажи, жени и деца, пред да направи компилација во форма на ракопис на неговото 16-годишно истражување.

Насловена како Дијанетика: Оригинална теза, делото всушност не било понудено за публикување, туку предадено на пријателите за да го разгледаат. И со помош на копирање на оригиналната верзија на крајот циркулирале стотици копии; и, реакцијата била толку ентузијастична, што г. Хабард бил охрабрен да презентира едно пошироко објавување. Тој ракопис, насловен „TERRA INCOGNITA (Непозната земја): Умот“, се појавил во едно од изданијата на New York Explorer’s Club за периодот 1946-1950 г. Веднаш потоа, г. Хабард се нашол себеси буквално преплавен од барања за нови информации, што на крајот резултирало во официјалниот прирачник Дијанетика: Модерна наука за ментално здравје.

Несомнено, Дијанетиката е значаен настан. Националниот колумнист, своевремено Волтер Винчел изјавил: „Нешто ново што е наречено Дијанетика ќе се појави во април. Нова наука која во полето на човечкиот ум функционира со постојаност на една физичка наука. Од сè што знам досега, таа ќе докаже дека е толку револуционерна за човештвото колку и наоѓањето и скротувањето на огнот за пештерски човек“. Дури и ако изјавата на Винчел се чини смела, таа сепак е точна; зашто заедно со Дијанетиката дојде и првото дефинитивно објаснување на човечкото размислување и однесување. Потоа, исто така, со Дијанетиката дојдоа и првите средства за разрешување на проблемите на човечкиот ум, вклучувајќи ги несаканите чувства, емоции, неразумност и психосоматски болести.

Во сржта на таквите проблеми, лежи она што г. Хабард го нарекол реактивен ум, и го дефинирал како „делот од умот кој работи врз основа на надразба-реакција (на одредена надразба автоматски дава одредена реакција), кој не е под свесна контрола на човекот и кој присилно влијае врз човековата свесност, целите, мислите, телото и акциите“. Во реактивниот ум се складирани енграмите, кои тој ги дефинирал како ментални записи на моменти на физичка болка и несвесност. Тоа дека умот сепак ги снима перцепциите, за време на моментите на делумно или целосно бессознание, како факт било и претходно разгледувано.

Но, на кој начин енграмот влијае врз телото, врз однесувањето и размислувањето – сето ова било сосема ново. Ниту пак некој дотогаш претпоставил што значи севкупноста на енграмите, содржани во реактивниот ум, во однос на човечкото страдање. Затоа што ова е оној дел од умот, како што изјавил г. Хабард, „кој предизвикува човекот да ги потиснува неговите надежи, кој ги задржува неговите апатии, кој му наметнува нерешителност тогаш кога треба да дејствува и го убива пред да почне да живее“. Накусо, ова е изворот на сите човечки неуспеси.

Доколку човек сака доказ за она што Дијанетиката го вели за енграмот и реактивниот ум, тој само треба да погледне во она што може да се постигне со дијанетичките техники.Исто така, постои крајна цел на дијанетичко процесирање: состојбата наречена Клиер, во која целиот реактивен ум е избришан, оставајќи го човека со особини и способности кои се многу понапред од сè што некогаш било предвидено.

Очигледно кога откритијата на г. Хабард почнале да се распространуваат, реакцијата била огромна: повеќе од 30 илјади примероци на Дијанетиката се продале веднаш по издавањето, додека книжарниците се бореле да задржат по некој примерок на нивните полици. Како што растел доказот за нејзината функционалност – фактот дека Дијанетиката всушност нудела техники кои секој може да ги примени – реакцијата била уште подраматична. До ден денес Дијанетика Модерна наука за ментално здравје останува најпродаваната книга за самопомош на светот, со над 22 милиони примероци продадени ширум светот, на повеќе од 50 јазици.