Зголемена духовна свесност

Животот има тежнение да му наметне на човекот одредени вредности. Секојдневните стресови во животот му го фиксираат вниманието до таму што свесноста за себе и својата околина се намалува во голема мера. Со намалената духовна свесност доаѓаат и проблемите, тешкотиите во односите со другите, болестите и несреќите.

Целта на Скиентологијата е да го спречи намалувањето на свесноста и во таа смисла, да го разбуди човекот. Како што човек станува побуден, така се зголемуваат и неговите способности и тој се стекнува со зголемено разбирање и со тоа станува поспособен да се справи со животот и да им помага на другите.

Значи, Скиентологијата содржи решенија за проблемите на животот. Нејзиниот краен резултат е зголемена свесност и духовна слобода за единката и возобновување на нејзината основна добрина, моќ и способност. Скиентологијата може и го постигнува ова редовно, на дневна основа, насекаде во светот.

Следно >