Скиентологија: Знаење за животот

Симболот на Скиентологијата е латиничната буквата „S“ поставена врз два триаголника. S симболизира Скиентологија. Двата триаголника претставуваат важни концепти во Скиентолошката вера. Долниот триаголник е составен од афинитет, реалност и комуникација, кои заедно даваат разбирање. Горниот триаголник се состои од уште еден збир на тесно поврзани чинители: знаење, одговорност и контрола.

И покрај сето она што го разреши Дијанетиката на полето на човековото однесување и умот, сепак останало едно неодговорено прашање. Кога некој гледа во ментална слика, кој всушност гледа во таа слика?

Откритието се случи 1951 година, откога Л. Рон Хабард набљудувал многу, многу луѓе како ја користат Дијанетиката и како сите тие имаат заеднички искуства и феномени. Откога внимателно ги прегледал сите податоци од истражувањата, тој го издвоил одговорот: Човекот не е ниту неговото тело, ниту неговиот ум, туку тој е духовно битие. И тоа е изворот на се што е добро, пристојно и творечко на овој свет, односно кога единката е самата таа. Со ова откритие, Л. Рон Хабард ја основал Скиентолошката вера, бидејќи цврсто зачекорил во полето кое традиционално и припаѓа на верата – царството на човековата душа.

Сепак, терминот душа, добил толку многу значења при користењето во други вери и практики така што било потребно да се пронајде нов израз со кој точно ќе се означи откритието. Изразот кој го одбрал Л. Рон Хабард е тетан – збор кој доаѓа од грчката буква тета (θ), како традиционален симбол за мисла или живот.

Тетанот е самата личност, не е неговото тело, ниту неговото име, ниту физичкиот свет, неговиот ум, ниту било што друго. Тоа е она нешто кое е свесно дека е свесно; идентитетот кој Е единката. Значи не станува збор дека некој има тетан и го чува некаде настрана од себеси, туку станува збор за тоа дека тој е тетан. Особено својствено на истражувањата на Л. Рон Хабард од ова раздобје е подеталното испитување на феноменот познат како екстериоризација. Иако различни верски текстови ја споменуваат оваа појава, никој, до Л. Рон Хабард, не ја проучил толку детално и внимателно. Од неговите истражувања тој заклучил дека тетанот е способен да го напушти телото и да постои независно од него. Откога ќе се екстериоризира, единката може да гледа без очите на телото, може да слуша без ушите на телото и да чувствува без рацете од телото. Претходно, Човекот имал многу мало разбирање за ова одвојување од неговиот ум и тело. Со достигнување на состојбата на екстериоризација, со Скиентологијата едно лице се стекнува со сигурност дека самиот тој не е неговото тело.

Следно >