Приказни за успех

Успеси од Дијанетика и Скиентологија


„Најголем успех од изчувањето на „Дијанетика Модерна наука за ментално здравје“ ми е дека не морам да реагирам на сè што се случува. Не мора да се приклучам на секоја кавга, не морам да се умислувам за секој реален или нереален проблем. Ги разбирам повеќе луѓето околу мене и себеси. Се чувствувам посмирено и спокојно.“ И.Ј.


„Барав одговори бидејќи сакав да дознаам која навистина сум јас. Пред извесно време ја открив Скиентологијата и почнав да ја учам Дијанетиката. Се изненадив како оваа книга ми одговори на голем број од моите прашања. Кога дознав дека Л. Рон Хабард напишал многу повеќе на темата за умот и животот, ги купив сите книги. Благодарна сум за можноста што ја имам преку овие книги да се стекнам со мудрост. Знам дека се уште сум „почетник“ на темата Дијанетика и Скиентологија но, едвај чекам да дознам повеќе податоци како што ќе напредувам низ откритијата.“ М.М.


„Оваа технологија му треба на секој. Нашето општество „плаче“ за ова. Треба да им ја дадеме и да им помогнеме на луѓето да зачекорат на вистинскиот пат на кој еднаш за секогаш ќе им стават крај на своите страдања. Ова (Дијанетиката) е единствениот начин, нема друго.“ О.З.


„Откако ја изучив Дијанетиката сметам дека сум на почеток на една нова авантура, на почеток на истражувањето на бесконечните пространства на умот. Дијанетиката е алатка на патот кон здраворазумноста, таква каква што ја замислувам. Чувствувам дека сум на почеток на нешто прекрасно и дека допрва ќе ги почувствувам придобивките како за мене лично, така и за мојата околина. А.М.


„Да, Дијанетиката навистина е авантура. Додека ја изучувам можев да погледнам во сликите од мојот ум, можев да видам дека и другите околу мене имаат свои слики со кои се справуваат. Со тоа се зголеми моето разбирање за луѓето, се зголеми мојата желба да им помогнам на другите да живеат поубав и попродуктивен живот. Благодарам на сите што ми ја дадовте оваа можност да го погледна светото околу мене и а ги променам нештата на подобро.“ Е.М.

Успеси од Дијанетика и Скиентологија