Што е Скиентологија

Развиена од Л. Рон Хабард, Скиентологијата е религија која нуди прецизна патека која го води човека до целосно и стабилно разбирање за неговата вистинска духовна природа и неговиот однос со самиот себе, семејството, групите, Човештвото, сите живи форми, материјалниот свет, духовниот свет и Возвишеното Битие.

Скиентологијата му се обраќа на духот – не на телото и не на умот – и верува дека Човекот е многу повеќе од обичен производ на околината или на гените.

Скиентологијата претставува тело на знаење кое потекнува од одредени првобитни вистини. Меѓу најглавните се следниве:

  • Човекот е бесмртно духовно битие.
  • Неговото искуство се протега на многу повеќе од само еден живот.
  • Неговите способности се неограничени и покрај тоа што тој не е свесен за нив во сегашноста.

Понатаму, Скиентологијата верува дека човекот е во основа добар и дека неговиот духовен спас зависи од самиот него, неговите блиски и неговото достигнување на братски однос со универзумот.

Скиентологијата не е догматска религија во која се бара од луѓето да прифатат сè единствено врз основа на вера. Напротив, секој открива самиот дека начелата на Скиентологијата се вистинити, со тоа што ќе ги применува и ќе ги искусува резултатите од примената.

Врвната цел на Скиентологијата е вистинско духовно просветлување и слобода за сите.

Следно >