Скиентологијата е религија

Скиентологијата има заеднички точки со многу верувања на други религии и филозофии. Скиентологијата верува дека Човекот во суштина е добар, а не зол.

Таа смета дека човекот е духовно битие и дека тој е многу повеќе од само крв и месо. Неговите искуства, а не неговата природа го довеле Човекот до точка тој да прави лоши дела. Честопати тој греши кога се обидува да ги решава проблемите тргајќи само од себеси и од своите лични интереси и со таквото гледиште тој предизвикува уште поголеми проблеми за себе и за тие околу него.

Скиентологијата верува дека Човекот напредува до оној степен до кој тој ги зачувал својата духовна честитост, севкупност и вредности и останал чесен и пристоен. Всушност тој се влошува до оној степен до кој ги напуштил овие вредности.

И бидејќи Човекот е во основа добар тој е и способен за духовно подобрување. И целта на Скиентологијата е да го доведе до точка каде тој ќе може да ги средува чинителите во својот живот и да ги решава своите проблеми.

Постоеле и други обиди да му се помогне на Човекот. Но тие, за разлика од Скиентологијата, биле насочени кон тоа тие да му ги решаваат проблемите.

Скиентологијата верува дека поединецот кога е во позиција во која може да ги зголеми сопствените способности, кога може подобро да го соочи животот – кога може полесно да ги утврди чинителите во неговиот живот – тој е исто така и во позиција да ги решава сопствените проблеми и така да си го подобри животот.

Следно >