Скиентолошки начела

Скиентологија е науката за знаењето како да се знаат одговорите.

Во Скиентологија не се бара да се прифаќаат работите само заради верување или заради вера. Вистина за вас е единствено она што вие сте го набљудувале дека е вистина. Единката самата открива дали Скиентологијата делува со тоа што лично ги применува нејзините начела и ги набљудува или искусува резултатите.

Целосната приказна за развојот и кодификацијата на Скиентологијата може да се најде во збирките книги, кои надминуваат 15.000 страници технички записи и повеќе од 3.000 снимени предавања. И тоа го претставува истражувањето на Л. Рон Хабард кое се одвивало во текот на целиот негов живот, а кое било насочено кон откривање на делотворни алатки со кои ќе му овозможи на човека духовна слобода, со кои незнаењето ќе го замени со знаење, сомнежите со сигурност и несреќата со среќа.

Сепак, ништо во Скиентологијата не треба да се зема на основа на вера. Нејзините вистини се очигледни, нејзините начела може лесно да се докажат и нејзината технологија може да се види на дело, во која било Скиентолошка Црква. Човек треба само да ја отвори вратата и да влезе.

Следно >