Курс за комуникација

Научете вистински да комуницирате со луѓето

Курс „До успех низ комуникација”

Комуникацијата е многу повеќе од само зборување и слушање. Таа е основата на вашиот живот. Но, што точно е, и како навистина функционира?

Одговорот на тоа прашање е едно од најголемите откритија на Скиентологијата.

Што е Курсот „До успех низ комуникација”?

На овој курс ќе се стекнете со осумнаесет прецизни вештини за комуникација и тоа:

  • Како да започнете комуникација?
  • Како да завршите комуникација без напор?
  • Како да ги пренесете вашите идеи?
  • Како да се справите со вознемирувања за време на комуникација?
  • Како да се чувствувате удобно и самоуверено во сечие присуство?
  • И уште тринаесет други…

Комуникацијата е сè во животот.

Приказни за успех

„Научив дека комуникацијата е одлична алатка што можам да ја користам за мојот бизнис, во мојот секојдневен живот и за да градам успешни односи со другите. Комуникацијата е задолжителна за сите што сакаат да успеат во животот. Исто така научив како да започнам и да завршувам разговори со луѓе што прв ат ги запознавам. Препорачувам секој да го направи овој курс – за свое добро, како и за доброто на другите. Можеме да направиме многу похармоничен свет ако секој знае да комуницира.“- З.В.


Подобрување на комуникација„Чувствувам дека ги подобрив моите комуникациски вештини. Можам да останам смирен додека зборувам со некој. Не станувам нервозен. Добрите комуникациски вештини прават разлика и можат да го подобрат животот на една личност. Колку повеќе ги употребувам овие нови вештини толку повеќе го подобрувам мојот живот преку комуникација! “- Д.К.


„Порано се плашев да започнам разговор. Откога го направив курсот „До Успех низ Комуникација“ можам да започнам разговори, да ги продолжам и да ги завршам со целосна доверба. Пред курсот, имав потешкотии со тоа луѓето да ме разберат и требаше да се повторувам често. Сега сето тоа е решено, затоа што можам да комуницирам и да го пренесам мојот став.“- Г.Т.