Курсеви за Тонската скала на емоции

Колку често слушате како некој вели:
„Јас не го разбирам овој човек“?

Понекогаш се чини дека неразумните и непредвидиви постапки се редовна појава меѓу нашите сограѓани.

Факт е дека не постоел функционален метод кој секогаш ќе го предвидува човечкото однeсување – сè до сега.

Л. Рон Хабард развил еден таков метод кој се однесува на сите луѓе, без исклучок.

Со овие податоци, ќе можете точно да го предвидите однесувањето на потенцијалниот брачен партнер, деловен партнер, вработен или пријател – пред да му се предадете на еден таков однос. Ризиците кои се вклучени при взаемно дејствување меѓу луѓето, можете целосно да ги одбегнете или да ги минимизирате само кога ќе можете непогрешливо да предевидите како ќе се однесуваат луѓето.

Со разбирање и користење на Тонската скала, сите аспекти на човечките односи ќе станат попродуктивни и посреќни. Вие ќе знаете со кого да се дружите, кого да одбегнувате и ќе бидете способни да им помогнете на оние кои се заглавени во непријатни ситуации со други луѓе. Замислете како би било да знаете, за многу кусо време, како ќе се однесуваат луѓето во секоја дадена околност. Тоа е возможно. Секогаш и во секое време.

Тонската скала е витална алатка

за секој аспект на животот и таа ги покажува емоционалните тонови кои една личност може да ги искуси. Под „тон“ се подразбира моменталната или непрекината емоционална состојба на едно лице. На оваа постепена скала се прикажани емоции како што се стравот, лутината, тагата, ентузијазмот и другите емоции кои луѓето ги искусуваат.

Вештото користење на оваа скала го оспособува човека за две работи: да го предвиди и да го разбере човечкото однесување во сите негови манифестации.

Во Хабардовиот центар може да ги направите следните курсеви за Тонската скала:

Тонската скала на емоции

Да знаеш кому да веруваш (материјалите за овој курс се само на англиски јазик)

Наука за опстанокот