Нов поглед на животот

Материјалите на Скиентологијата ја опфаќаат најголемата акумулација на знаење што некогаш била составена за умот, духот и животот. Со повеќе од сто книги и изданија, илјадници написи и есеи и повеќе од 3 000 снимени предавања, делата на Л. Рон Хабард го опфаќаат речиси секој аспект на живеењето.

Значи, ова овде е Скиентологија: Нов поглед на животот, која содржи безвременски избор на откритијата на Рон, изведени од богатството на неговите написи од кои секое поединечно претставува широк, а сепак разбирлив преглед на Скиентологијата кој е применлив на еден специфичен аспект на постоењето и, во комбинација, обезбедува панорамски преглед на самиот живот.

Тука се одговорите на прашањата по кои човекот трагал низ вековите; тука се практичните одговори за кои вие сте се надевале дека некаде ќе ги најдете; тука се одговорите кои функционираат.

  • Дали е можно да се биде среќен?
  • Личен интегритет
  • Потрагата на човекот по неговата душа
  • За нашите напори за бесмртност
  • Осумте динамици кои го сочинуваат самиот живот
  • Триаголникот на афинитетот, реалност и комуникација ги обезбедува компонентите за меѓучовечките односи
  • За бракот
  • Како да живеете со деца
  • Што е тоа големина?
  • Две правила за среќно живеење
  • Антисоцијалната и социјалната личност
  • Законот на трет учесник кој ја открива причината за конфликтите
  • За чесноста и етиката
  • Мојата филозофија, личната изјава на Рон за мотивацијата што стои зад неговото животно дело и потрагата по Скиентологијата

Значи овде ги имаме најосновните работи за животот, вистински решенија кои функционираат овде и сега, вистини на кои одвреме навреме повторно ќе им се обраќаме за совет.