Основи на мислата

Илјадници години човекот бил во потрага, размислувал и шпекулирал за вистинското „значење на животот“. Но, во Скиентологијата таа потрага го достигна својот врв – зашто сега таа тајна е откриена. Базирани на прецизни аксиоми, (само-очевидни вистини), ова се одговорите – одговори кои ги баравте, одговори кои функционираат.

Значи, ова е основната книга за теоријата и практиката на Скиентологијата со откритијата кои го опфаќаат секој аспект на животот, вклучувајќи ги деловите:

  • „Циклусот-на-Акција“, открива што лежи под непрекинатиот циклус на креирање, опстанок и деструкција – циклус кој се чини дека е неизбежен во животот, но кој е само привидност
  • „Состојбите на Постоење“ кои го сочинуваат целиот живот и живеење – и со помош на кои човек навистина може да Биде
  • „Осумте Динамици“ врз основа на кои е групиран целиот живот и со чија помош човек може да ја разреши загатката на сопственото постоење
  • „А-Р-К Триаголникот“ (афинитет, реалност и комуникација) кој ги разоткрива објаснува основните начела на вистинските човечки односи
  • „Деловите на Човекот“, целосно објаснување за духот, умот и телото, нивната анатомија и взаемен однос кај секое битие
  • „Причинување и Знаење“, каде што се одговара на прашањата од типот „за што се работи“ и се даваат самите елементи на опстанокот, среќата и самиот живот
  • „Скиентолошко процесирање“, ја открива животната сила, а тоа сте вие

А, со оваа книга, вие нема само да „научите“ – вие самите ќе ги откриете овие принципи. Затоа што ова е Скиентологијата – знаење за вас.

Што е Скиентологија >