Патот до среќата

Вистинската радост и среќа се скапоцени. Ако човек не опстанува, ниту радоста ниту среќата не му се достапни. Да се обидуваш да опстанеш во хаотично, нечесно и општо земено неморално општество е тешко.

Секој човек или група тежнеат во животот да доживеат колку е можно повеќе задоволство, а помалку болка. Лошите постапки на оние околу вас, можат да бидат закана за вашиот опстанок. Вашата среќа може да се претвори во трагедија и тага поради нечесноста и лошите постапки на другите. Сигурен сум дека можете да се сетите на примери кога тоа се случило.

Таквите грешки го намалуваат опстанокот и ја нарушуваат среќата. Вие сте им важни на другите луѓе. И тие ве слушаат. Вие можете да влијаете на другите. Среќата или несреќата на оние кои ги познавате е важна за вас.

Користејќи ја оваа книга, можете без многу тешкотии да им помогнете да опстанат и да водат посреќен живот. Иако никој не може да им гарантира среќа на другите луѓе, нивните изгледи за опстанок и среќа можат да се подобрат. А со тоа, ќе се зголемат и вашите изгледи за опстанок и среќа. Во ваша моќ е да го посочите патот кон побезопасен и посреќен живот.