Што е аудитинг?

Дианетика - аудитингИако би било сосема доволно во секојдневниот живот да ги применувате само филозофските аспекти на делата на Л. Рон Хабард, треба да знаете дека единствено аудитингот обезбедува прецизна патека по која секој може да се движи кон повисоките нивоа на духовна свест.

Целта на аудитингот е да се возобнови идентитетот и способноста на лицето. Ова се постигнува:
1. Со тоа што му се помага на лицето да се ослободи од секакви духовни ограничувања и
2. Со зголемување на духовната способност.

Очигледно дека и двете му се потребни на едно лице за тоа да може го достигне својот целосен духовен потенцијал. Така, со аудитингот се бришат болните искуства од животот и на лицето му се подобрува способноста за соочување и справување со во животот.

Преку аудитингот едно лице станува способно да погледне во сопственото постоење и да си ја подобри способноста да се соочи со она што тоа е и каде се наоѓа. Постојат огромни разлики меѓу технологијата на аудитингот и другите практики. Во аудитингот не се користи хипноза, техники на транс ниту пак дроги (лекарства). Лицето кое се аудира е потполно свесно за сè што се случува. Аудитингот е прецизна, целосно кодификувана постапка, за која постојат точни процедури.

Термини

Аудитор е лице кое е обучено и квалификувано да ги подобрува другите преку аудитинг. Според дефиниција, аудитор е „оној кој слуша“. Терминот доаѓа од латинскиот збор audire, кој значи „слуша“. Лицето кое прима аудитинг се нарекува претклиер – што значи „лице кое сè уште не е Клиер*“. Претклиер е лице кое преку аудитинг доаѓа до сознанија за себе и за животот. Периодот во кој аудиторот го аудира претклиерот се нарекува аудитинг сесија. Сесијата се одвива во претходно договорен термин меѓу аудиторот и претклиерот.
*Клиер: Оптимална единка, ослободена од вознемирувањата од минатото.

слика аудитинг Во аудитингот се користат процеси – кои се прашања поставени или насоки дадени од страна на аудиторот, за да му помогнат на лицето да ги лоцира областите на духовно страдање, за да открие работи за себе и за да си ја подобри сопствената состојба. Постојат многу, многу различни аудитинг процеси и секој од нив ја подобрува способноста на лицето да се соочува и справува со некој дел од сопственото постоење. Кога ќе се постигне специфичната цел на секој процес, тој процес завршува и потоа може да се користи друг процес кој ќе се занимава со некоја друга област од животот на истото лице.

Достигнувањата на Скиентологијата и Дијанетиката

се во тоа што Л. Рон Хабард ги изолирал точните прашања и насоки кои водат кон духовна слобода. Прашањата или насоките во процесот го водат лицето во правец тоа да испита определен дел од својот живот. Она што ќе биде откриено, секако ќе варира од лице до лице, бидејќи секое лице има различно искуство.

Сепак, независно од искуството или минатото на едно лице, нему му се помага да ги лоцира областите на духовен немир, тешкотиите во животот но исто така и изворите на немирот.

АудитингПравејќи го ова, лицето може да се ослободи од несаканите бариери кои го инхибираат, кои го забавуваат или му ги затапуваат неговите природни способности. Така со аудитингот овие природни способности се зголемуваат и така лицето кое примило аудитинг станува побистро и духовно поспособно.

Во технологијата на аудитингот не постојат случајни резултати и не постои непредвидена примена. Секој процес во аудитингот е прецизен во неговиот дизајн и примена и кога се изведува коректно секогаш се доаѓа до краен резултат.

„Првиот придонес на Дијанетиката е откритието дека проблемите на мислата и менталните функции можат да бидат разрешени во границите на конечниот универзум, односно дека сите податоци потребни за решението на менталните акции и активности на човекот можат да бидат измерени, почувствувани и искусени како научни вистини, независни од мистицизмот или метафизиката. Разните аксиоми не се претпоставки или теории — каков што бил случајот со идеите за умот од минатото — туку се закони кои можат да бидат подложени на најжестоки лабораториски и клинички тестирања.“
– Л. Рон Хабард (Од Дијанетика: Модерна Наука за Ментално Здравје)

Следно >