Онлајн предавање: Деца и родители 2

„Денешните деца ќе станат цивилизација на утрешнината. Да донесете дете на свет денес, по малку наликува како да сте го фрлиле во кафез со тигар. Децата не можат да се справат со својата околина и не поседуваат вистински помошни средства. Им треба љубов и помош за да успеат во животот.

Ова е деликатен проблем за дискусија. Постојат речиси толку теории како да се воспитува или да не се воспитува детето, колку што има и родители. Сепак, ако тоа се прави погрешно, може да резултира со многу тага и човек може да си ги усложни годините што доаѓаат. Некои луѓе се обидуваат да ги воспитаат децата на начин на кој тие самите биле воспитани. Други прават обиди да го сторат токму спротивното, а многумина се држат до идејата дека децата треба да се остават да пораснат самостојно. Ниту еден од овие начини не гарантира успех.“ – Л. Рон Хабард, од книгата Патот до среќата

Одгледувањето деца не е нешто што се прави од ракав. Тоа има свои природни закони. Од тоа зависи иднината на детето и на околината.

Второто предавање на тема Деца и родители ќе се одржи во вторник, 19-ти јануари во 20:00 на www.facebook.com/habardovcentar/live/

Дознајте:

  • Како децата стануваат неодлучни?
  • Од што зависи доброто однесување на децата, здравјето и нивната здраворазумност?
  • Зошто децата некогаш „се многу напорни“?
  • Како да комуницираме со децата?
  • Која е природна цел за сите деца?
  • Кога проблемот со децата станува нерешлив?

Ако сте го пропуштиле првото предавање Деца и родители, гледајте го тука:

Се гледаме во вторник на уште едно возбудливо предавање!