Како помагаме

Глобални хуманитарни иницијативи и програми за општествено подобрување поддржани од скиентолошката црква

Глобалниот пустош и човекови страдања кои ги предизвикува злоупотребата на дрогите, неписменоста и опаѓањето на моралот – пропратени со природните катастрофи но и катастрофите предизвикани од човекова рака – се очигледни. Тие се закануваат да го разорат општественото ткиво и во многу делови од светот веќе предизвикале непоправливи штети.

Она што недостига во решавањето и справувањето со овие апокалиптична сценарија се ефикасни решенија. Л. Рон Хабард развил методи за разрешување на кризите кои му се закануваат на светот.

За таа цел низ цел свет се воспоставени центри за ширење на моралот, писменоста, превенцијата од дрогите и рехабилитацијата.

Резултатот е: револуционерни програми за општествено подобрување и хуманитарни програми. Тие се единствени, напредни и што е најважно – ефикасни.

Вистината за дрогите

Најголемото светско невладино движење за борба против дрогите кое овозможува информации за дрогите и кампањи за превенција во образување на младите за дрогите и што значи злоупотребата на дрогите, кое е распространето во 180 земји, чии алатки го користат илјадници влади, полиции и општествени организации.

Обединети за човекови права

Ова движење ги прави човековите права реални со тоа што ги информира за важноста на овие права и тоа на 100 милиони луѓе годишно во 190 нации, преку своите публикации, аудио-визуелни презентации и предавања.

Програмата за волонтери свештеници

Овој меѓународен корпус на волонтери работи на спасување и помош во сите области на природни катастрофи и непогоди, притоа нудејќи и спасувајќи 2 милиони луѓе секоја година ширум целиот свет.

Патот до среќата

Ова движење работи во тесна врска со училиштата, деловните заедници и владите, подигајќи ги моралните стандарди низ целиот свет и тоа со дистрибуција на книгата Патот до среќата. Резултатот: помирни и побезбедни заедници. До сега се дистрибуирани 120 милиони книшки – Патот до среќата на светско ниво.

Применето школство

Оваа кампања им помага на илјадници деца да се справат со неписменоста и ги подига образовните стандарди со тоа што ги нуди алатките на револуционерната технологија за учење на Л. Рон Хабард. Со оваа технологија обучени се 135000 едукатори и опфатени се 38 милиони ученици.

Центри за рехабилитација од дроги – Нарконон

Во светот постојат 50 центри за рехабилитација од дроги и тоа на сите пет континенти, повеќе од 50 години. Секојдневно се спасуваат илјадници животи со примена на технологијата на Л. Рон Хабард за рехабилитација од дроги.

Лого - Граѓанска комисија за човекови права

Граѓанска комисија за човекови права

Како дел од религиозниот кодекс на Скиентолозите е: „да се помогне во укинувањето на сите практики кои предизвикуваат физички штети на луѓе а кои се спроведуваат во името на менталното здравје“ и со тоа да се воспостави атмосфера на безбедност и сигурност во менталното лекување.

Криминон

Со оваа програма се рехабилитираат криминалците за да станат активни и продуктивни членови на општеството. Со програмите на Криминон, во САД стапката на повратници – криминалци се намалила за 80%.