Дијанетика: Разбирање на умот

Дијанетика: dia (грчки) низ, nous (грчки) ум или душа.

За точно да разбереме како се користи Скиентологијата би требало да знаеме нешто повеќе за истражувањата на Л. Рон Хабард и за претходникот на Скиентологијата – Дијанетиката.

Дијанетиката е методологија која помага во олеснување на несакани сензации и емоции, неразумни стравови и психосоматски болести (болести кои се предизвикани или поттикнати од ментален стрес). Најточно се објаснува на следниот начин: она што душата му го прави на телото преку умот.

Пред 1950 година, водечката научна мисла била водена од заклучокот дека умот на Човекот е неговиот мозок, односно дека тоа е еден збир од клетки и неврони и ништо повеќе. И се сметало дека не само што човековата способност не може да се подобри туку дека со целосното стварање на кората на мозокот, неговата личност е неповратно воспоставена. Сепак овие теории не биле точни и како последица на нив науката не успеала да развие делотворна теорија за умот ниту пак да развие средства со чија помош би ги разрешила проблемите на умот.

Сето ова го сменил Л. Рон Хабард со Дијанетика: Модерна Наука за Ментално Здравје. Нејзиното објавување во 1950 година претставува пресвртница во историјата на човековата потрага по вистинското разбирање за себе.

Како и Скиентологијата, така и Дијанетиката, почива на основни начела, кои лесно се учат, јасно можат да се утврдат како вистинити и се исто толку полноважни денес колку што биле во 1950 година, кога за првпат била објавена Дијанетиката.

Следно >