Опфатот на Скиентологијата

Иако постојат многу повеќе начини како овие и други начела може да се употребат за да се подобрат состојбите, сепак не ви треба да поминете месеци учејќи Скиентологија за да можете да ја употребувате.

Честопати луѓето се наведувани да веруваат дека животот е сложен и дека Човекот не може да се спознае. Скиентологијата го застапува сосема обратното гледиште: не само што е можно за секој да се спознае себеси во целосната смисла на зборот, туку и да се стекне со контрола врз животот. Уште повеќе, Скиентологијата е така организирана што човек може да употреби само едно начело и ќе да почувствува неверојатни промени.

Материјалите на Дијанетиката и Скиентологијата го сочинуваат најголемото тело на информации за умот, духот и животот досега составено, а кое Л. Рон Хабард, во текот на педесет години испитување, истражување и развој, темелно и прецизно го прочистил и кодификувал. Резултатите од таа работа се наоѓаат во стотици книги и во повеќе од 3 000 снимени предавања.

За повеќе податоци на оваа тема посетете го линкот