По Дијанетиката, доаѓа Скиентологија

Изворот и основачот на Скиентолошката религија е Л. Рон Хабард кој го посветил својот живот на изнаоѓање на одговори на прашањата кои го мачеле Човештвото со илјадници години. Интелектуалната дисциплина на г. Хабард, неговата љубопитност и слободен дух, насочен кон авантура ја вдахновила неговата потрага која започнала уште во најраната младост.

Првите широко распространети резултати од истражувањата на г. Хабард не се во Скиентологијата, туку во едно друго поле на истражување: „Дијанетика“.

Зборот Дијанетика доаѓа од грчкиот јазик и тоа од зборовите dia, што значи „низ“ и nous, што значи „ум“ или „душа“ и се одредува како „она што душата му го прави на телото“.

Дијанетиката е првото откритие на Л. Рон Хабард. Неговите првични откритија во оваа област доведоа до натамошни истражувања и прецизно одредување на самиот извор на живот.

Човекот нема дух. Тој е дух. Тој има ум и има тело. Дијанетиката му се обраќа на духот и се справува со неговите поледици врз телото. Дијанетиката со тоа помага при ослободување на несакани осети и чувства, несреќи и психосоматски болести (болести предизвикани или поттикнати од ментален стрес).


Зборот Скиентологија е земен од латинскиот збор scio, што значи „знаење, во полна смисла на зборот“ и грчкиот збор logos, што значи „учење за“. Буквално тоа значи да знаеш како да знаеш. Скиентологија е науката за знаењето како да се знаат одговорите.


Скиентологијата му се обраќа на духовното битие. Таа директно ја покачува свесноста и способноста. И со тоа човек станува сè поспособен за да ги надмине негативните чинители кои го спречуваат.

Следно >