Скиентологија: потекло и почетоци

Скиентологијата следи една долга традиција на религиозни практики.

Нејзините корени лежат во најдлабоките верувања и тежненија на сите големи религии, со што Скиентологијата го опфаќа религиозното наследство кое е старо и разнолико колку и самиот Човек.

Иако Скиентологијата е надградена врз мудрата мисла на последните 50.000 години, таа сепак е нова религија и ги издвојува основните закони на животот и за прв пат развила делотворна технологија, која може да им помогне на луѓето да достигнат посреќно и подуховно постоење и тоа во сегашноста.

Голема улога во развојот и прифаќањето на Скиентологијата од страна на јавноста одигра напредокот на физичките науки во првата половина на дваесеттиот век. Скиентологијата воспоставува мост меѓу филозофиите на Истокот и современата мисла на Западот. На тој начин, Скиентологијата претставува прва вистинска примена на научната методологија во одговарањето на прашањата поврзани со духовноста на Човекот.

Следно >