За Л. Рон Хабард

Л. Рон Хабард | L. Ron Habard | Дијанетика и Скиентологија | Dijanetika i SkientologijaПостојат само два теста за живот кој е добро одживеан, рече еднаш Л. Рон Хабард:

„Дали човек го направил тоа што сакал да го направи? И дали на луѓето им било драго што живеел?“

Како потврда за првото, стои неговото животно дело, во кое спаѓаат повеќе од 5.000 пишани дела и 3.000 снимени предавања за Дијанетиката и Скиентологијата.

Во прилог на второто се десетици милиони единки, чии животи значително се подобриле поради неговото живеење.

Тоа се:

  • повеќе од 3 милиони деца, кои благодарение на откритијата на Л. Рон Хабард, денес знаат да читаат;
  • милионите мажи и жени кои преку откритијата на Л. Рон Хабард за рехабилитирање од дроги се ослободиле од злоупотреба на овие супстанци;
  • повеќе од 40 милиони луѓе, чии животи се смениле на подобро поради неговиот нерелигиозен морален кодекс;
  • многуте милиони, кои сметаат дека неговото дело е духовен камен-темелник на нивните животи.
Широко поле на влијание

Иако е најпознат по Дијанетиката и Скиентологијата, Л. Рон Хабард не може толку едноставно да биде категоризиран. Ако ништо друго, неговиот живот бил премногу разновиден, неговото влијание премногу широко. Постојат Банту домородци, на пример, кои не знаат ништо за Дијанетиката и Скиентологијата, но знаат за Л. Рон Хабард едукаторот. Слично, постојат фабрички работници во Албанија, кои го знаат само по неговите административни откритија; деца во Кина кои го знаат само како автор на нивниот морален кодекс и читатели на разни јазици, кои го знаат само по неговите романи. Затоа, не, Л. Рон Хабард не е човек кој може лесно да се категоризира и дефинитивно не се вклопува во популарните погрешни концепти кога станува збор за еден „религиозен основач”, концептот на резервирана и контемплативна фигура.

Сепак, колку повеќе го запознавате овој човек и неговите достигнувања, толку повеќе осознавате дека тој бил единствена личност која можела да нѝ ја даде Скиентологијата – единствената голема религија која е основана во дваесеттиои век.

Практични чекори

Она што го нуди Скиентологијата е слично на она што човек би го очекувал од еден таков човек како Л. Рон Хабард. Зашто не само што обезбедува крајно уникатен пристап кон нашите најфундаментални прашања – „Кои сме ние? Од каде доаѓаме и која е нашата судбина?“ – туку таа исто така обезбедува и подеднакво уникатна технологија за постигнување поголема духовна свест. Па, како би можеле да очекуваме да се карактеризира основачот на една таква религија? Јасно, тој би требало да биде поголем од животот, да ги сака луѓето, да биде сакан од луѓето, динамичен, харизматичен и неизмерно способен во многу области – токму Л. Рон Хабард.

Л. Рон Хабард | L. Ron Habard | Дијанетика и Скиентологија | Dijanetika i SkientologijaНепобитен факт е, дури и кога г. Хабард би запрел по само едно од многуте негови достигнувања, сепак денес би го величале. На пример, со над 50 милиони копии од неговите дела од областа на белетристиката кои циркулираат низ светот, меѓу кои спаѓаат монументални бестселери како што се „Бојно поле Земја“, „Страв“ и збирката „Мисијата Земја“, г. Хабард е несомнено еден од најбараните и најчитаните автори на сите времиња. Неговите романи имаат освоено некои од најпрестижните награди за литература, додка пак самиот тој многу автентично бил опишан како „еден од најплодните и највлијателните писатели на дваесеттиот век”.

Неговите први достигнувања се исто толку импресивни. Како авијатичар во текот на 1930-те години, бил познат под името „Флеш” и успеал да ги собори локалните рекорди за летање со воздушна едрилица. Како водич на експедиции, му било доверено спроведувањето на првото минералошкото истражување на Порто Рико, под протекторат на САД, додека неговите навигациски белешки сѐ уште ги користат поморските водичи за Британска Колумбија. Неговото експериментирање со радио врските, подоцна станало база за системот LORAN (Long Range Navigational). И, како човек кој сиот живот се занимавал со фотографија, неговите дела биле објавувани во National Geographic, а изложбите на неговите фотографиии привлекувале десетици илјадници посетители.

Меѓу другото, еден од позначајните успеси од истражувањата на г. Хабард, спаѓа и развивањето и кодификувањето на административна технологија, која во моментов ја користат секаков вид на организации ширум светот, меѓу кои и мултинационални корпорации, добротворни структури, политички партии, школи, младински клубови и стотици мали бизниси. Слично на ова, меѓународно прифатените образовни методи на г. Хабард, ги користат илјадници академски институции, додека неговата подеднакво прифатена програма за рехабилитирање од дроги, се докажа како двапати па дури и трипати поефикасна од другите такви програми.

Дијанетика и Скиентологија

Сепак, колку и да се импресивни овие бројки, ниедно одмерување на творештвото на Л. Рон Хабард, не е комплетно без да му се оддаде одредено признание на она што стана негово животно дело: Дијанетиката и Скиентологијата. Како најефективна сила за постигнување позитивна промена, скиентолошката црква претставува духовна слобода за милиони луѓе низ целиот свет. Тие доаѓаат од сите профили на животот, сите култури и слоеви на општеството. И повеќе од тоа, кога човек зборува за откритијата на Л. Рон Хабард, кои се поврзани со човековиот ум и дух, човек всушност зборува за философската основа на сѐ што постигнал тој: подобра едукација, градови ослободени од криминал, стабилни и етични организации и културна ревитализација остварена преку уметностите – сето ова и многу повеќе е возможно само како резултат на откритијата кои се содржани во Дијанетиката и Скиентологијата.

Страниците што следат имаат цел да овозможат одреден впечаток за Л. Рон Хабард и неговите успеси во многуте области кои ги опфатил со неговото творештво, тргнувајќи од фактот дека самиот тој успехот го мерел на една идеја секогаш во смисла на нејзината функционалност. Сепак, имајќи го предвид опсегот на она што го постигнал – како автор, едукатор, хуманитарец, администратор и уметник – ниту еден таков опис не може да биде целосно комплетен. Пред сѐ, како може човек да го соопшти, во неколку страници, влијанието на некој кој допрел толку длабоко и толку многу луѓе? Како и да е, овој концизен профил на овој човек и неговите достигнувања, е изложен во духот на она што самиот тој го изјавил: „Ако нештата ги знаеме и разбираме само малку подобро, сите ние би живееле посреќни животи”.

Следно >